Кампањата на AVON “Hello Green Tomorrow” го одбележа Светскиот ден на животната средина со нов производ за добротворни цели
Ова лето алката Eco Hero ја надополнува специјалната серија од добротворни производи на козметичката компанија AVON “Hello Green Tomorrow”. Собраните средства од продажбата на овој моден додаток во 51 земја од светот ќе бидат искористени за помош на борбата против уништувањето на шумите во Јужна Америка и Индонезија – шуми коишто се наречени „белите дробови на светот“. Алката е достапна во брошурите на AVON од 5-ти јули и може да биде купена од секој претставник на компанијата во Македонија.
За само две години преку кампањата “Hello Green Tomorrow” се собраа повеќе од 3,5 милиони долари и се вратија илјадници декари шума, токму благодарение на партнерството на AVON во Светскиот фонд за дива природа и локалните служби за заштита на природата во атлантските шуми на Бразил, Борнео и Суматра.
И покрај големиот напредок, проблемот со уништувањето на шумите останува сериозен. Поставувајќи си амбициозна цел да собере уште повеќе средства во 2012 – трета година на кампањата, AVON Products, Inc. ја покажува својата силна посветеност и одговорност кон иднината на природата.
За AVON
AVON, компанија за жени, е водечка глобална компанија за убавина, со преку 11 милијарди долари годишен приход. Како најголем светски директен продавач, AVON работи во преку 100 земји преку речиси 6,4 милиони независни AVON претставници. Компанијата нуди иновативни технологии во областа на козметиката и се гордее со најмногу жени на менаџерски позиции, споредбено со другите јавно-трговски компании. Продуктните линии на AVON вклучуваат препаративни и декоративни производи, модни додатоци и производи за домот пласирани со веќе етаблираните брендови на Avon Color, Anew, Skin-So-Soft, Advance Techniques, Avon Naturals, и Mark.
AVON е светски лидер во борбата против ракот на дојката и домашното насилство со повеќе од 860 милиони долари, собрани и донирани во целиот свет од Фондацијата за жени AVON и глобалните филантропски програми. Компанијата е оддадена на каузата за постојано подобрување на управувањето со животната средина и е вклучена во зелената листа Newsweek меѓу 500-те најголеми американски компании и 100-те Најдобри корпоративни граѓани.
Повеќе за AVON може да дознаете на www.avoncosmetics.com.mk, како и на Facebook www.facebook.com/AvonMacedonia