Овој податок го откривме од Harper’s Bazaar
Сите добро знаете како функционира Зара,
Една од најпопуларните комерцијални брендови има совршен состав во својата понуда и побарувачка, а тоа вклучува и брза измена на трендовите и облеката со што ги тера своите муштерии да купуваат веднаш бидејќи прашање е дали некое парче ќе имате повторно шанса да го купите. Но некои модели можете да ги пронајдете и откако ќе ги снема од продавниците, а тој податок го дознавме благодарение на „Harper’s Bazaar“ кои ни открија што се случува со нивната облека откако нема да успее се да се продаде во роковите предвидени за тоа.
Имено, ако не сте знаеле Зара има свои аутлет продавници кои симболично се викаат Lefties. Овој бренд е основан во 1993 година со цел на крај ништо да не остане непродадено и денес има и сопствена колекција во преку 130 продавници во неколку држави Шпанија, Португалија, Мексико, Русија и Катар. И пoкрај тоа што се уште нема вест за ширење на овој познат синџир на продавници и на други локации, нејзината службена веб страница неодамна доби интересен мејковер, па се шушка дека можно е и проширување. Според она што можете да го видите на нивната веб адреса, цените се 2-3 пати помали отколку во продавниците на Зара, па воопшто не се сомневаме дека овој бренд би имал голем успех и во Македонија.