Огласи
Дом и семејство

„Аутизмот не е ден, не е фотографија, не е статус. Аутизмот е живот. Аутизмот е секојдневие. И нема да молчиме повеќе!“ вели Амела од Скопје

Не го сведувајте аутизмот на сина фотографија!

Ќе ви кажам што е аутизам: Тоа е кога моето дете Леон го гледам како панично плаче пред час. Го тресе страв, го боли душата. Се среќава со личност која не го прифаќа, која не знае што значи различност. И знаете што? Ја пријавувам…

Амела Мемиш Апостоловска – сертифициран клинички психолог, метафизичар, алхемичар и мајка на две деца со различна попреченост, од кои нејзиниот син Леон е дете со аутизам испраќа силна порака до јавноста пред почетокот на месец април, кој традиционално се одбележува како месец на подигање на свеста за аутизмот.

„Април доаѓа. И веќе знам што ќе се случува сини маици, балони, фотографии, статуси со пораки како ‘Аутизам не е болест’. Ќе има кампањи, банери, говори… и потоа?“

„Тишина. Секојдневието ќе продолжи, удобно, непроменето. А ние? Ние остануваме со аутизмот. Секој ден. Секоја ноќ. Секоја болка.“

Реклама

Во својата јавна објава, Амела остро го критикува површниот пристап кон аутизмот и повикува на суштинска, долгорочна и системска поддршка:

„Каде се дневните центри? Каде е стручниот кадар? Каде е вистинската поддршка за децата и семејствата?“

Маркетинг

„Се спасуваме со донации и со љубов меѓу себе, додека системот се крие зад формулари, политики и извештаи. Не сме должни да молиме за емпатија. Не сме должни да се бориме со ѕидови од рамнодушност.“ пишува Амела.

Таа ја споделува личната борба болката кога го гледа својот син како панично плаче пред час, поради неприфаќањето и неразбирањето од страна на одредени наставници. Но, истовремено сведочи и за трансформацијата кога ситуациите се средуваат и Леон се враќа насмеан и исполнет по часовите.

„Од следната година Леон започнува во нова средина. И ова е последна шанса наставниците кои прават проблеми ќе бидат јавно посочени ако продолжат да го маргинализираат моето дете.“

„Тоа ли е борбата што треба да ја водиме? Тоа ли е цената што секое дете треба да ја плати за да биде прифатено?

„Доволно е! Престанете со празни зборови и фотографии. Почнете да правите. Почнете да менувате!“

Амела јасно порача:

„Отворете центри. Едуцирајте наставници. Платете стручен кадар. Подигнете ја свеста преку живи луѓе, не преку маркетинг флоскули. Аутизмот не е ден, не е фотографија, не е статус. Аутизмот е живот. Аутизмот е секојдневие. И нема да молчиме повеќе!“

На крајот, таа ги повикува медиумите да покажат храброст и интегритет:

„Медиумите немаат проблем да објавуваат за смрт, насилство и сензационализам, но кога ќе зборуваме за емпатија, духовност и љубов тогаш тишина. Почит за ретките кои се осмелуваат да го пренесат гласот на вистинската борба.“

„Јас сум мајка. Јас сум психолог. Јас сум гласот што нема да се изгаси. И ова е само почеток.“

Целиот текст можете да го прочитате на нејзиниот официјален Фејсбук профил на следниот линк:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button