Престиж

AUDI S3 –Мајка на сите битки

Advertisement

Одамна се знае дека моделите со ознаката ’S‘ претставуваат нешто најдобро што ни го нудат господата доктори од Ingolstad. А дека секогаш може и подобро, тоа ни го покажува новиот S3.

Advertisement

Приказната за моделот S малку се имаше испроституирано кога Audi го понуди таканаречениот S Line пакет опрема за поголемиот дел од обичните модели, но балансот потоа го вратија после некоја година откако беше претставен последниот нов модел на престижнава серија.

Последниов модел кој што се очекува да излезе на пазарот наредната година, а би требало за прв пат да биде претставен на автомото изложбата во Geneva оваа пролет, е од премиум компактната класа. Оваа мудра маркетишка ’финта‘ беше употребена (само во маааалку поизменета форма) и кај претходната верзија и во себе ја крие класата на ’ултранатокмени‘ градски автомобили, кои ретко кој нормален може да се ги дозволи, но кои што одлично ја обработуваат улогата на тема за во кафуле: „Што би си купиле да добиеме на лото, а да не излезе дека ептен се просераваме?“

Па…за нималку пристојни 40 000 евра (како што се говори дека ќе биде) S3 дава 2.0 литри turbocharger мотор, со 265 КС и уште една верзија од 280 коња. Повеќе спецификации за некој месец…сега за сега само видете како ќе изгледа.

Advertisement

{youtube}XE6MBVpMAqI{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button