„Во рамки на фестивалот за електронска музика и медиумска уметност de:sonanz од 29 септември до 2 октомври 2011 г. во Скопје ќе се одржи аудио работилницата Sample & Hold со германскиот артист и продуцент Шнајдер TM (Дирк Дреселхаус).“
За учество на работилницата може да се пријават професионални артисти од југоисточна Европа најдоцна до 10 јули 2011 г.
Информации за работилницата:
Основната идеја на работилницата е да се компонираат и продуцираат траки, звучни колажи или песни базирани на електронски/дигитално обработени теренски снимки, кои во повеќе помали групи ќе се прават низ градот Скопје во текот на првите 2 дена од работилницата. Од направените снимки во мали групи и ќе се продуцира музика и live-set up од звуци кои на крајот ќе бидат преставени во живо.
Опрема:
Секој учесник треба да донесе сопствена опрема како на пр.:
– HD / SD-Card Recorder…може и iPhone.
– Laptop / Computer со Audiosoftware како на пр. Logic, ProTools, Ableton Live etc…или Hardware-Sampler / Grooveboxes
– слушалки
– екстерни ефекти како на пр. Delays, Kaoss Pads итн…
Кој може да се пријави?
Може да се пријават артисти кои имаат претходно искуство со продукција на електронска музика и кои сакаат да соработуваат со артисти од ЈИЕ.
Начин на пријавување
Симнете го формуларот од веб-страната на Гете-институт Скопје, пополнете го и испратете го на desonanzfestival@gmail.com
Изборот на учесниците ќе го направи Шнајдер TM.
Тимот на
de:sonanz Festival
НВО Домино и Гете-институт Канцеларија за врски, Скопје
За останати текстови, кликни тука!