Погледнете ги овие „разуздани“ couture модели на плетени фустани кои модните дизајнери ги создадоа инспирирани од старите тајни на плетењето.
Плетените фустани беа апсолутно модерни оваа зима, па доколку имате некое парче во вашиот плакар, задолжително искористете го секој момент да го облечете. Припиени и тесни, со рамен крој, со ролка или кратки ракави, овие фустани се едни од омилените на светските трендсетерки, а што се однесува до комбинациите, можат да се комбинираат на најразлични начини, во зависност од пригодата и вашата креативност.
отвори галерија » |
За денес, откако ќе зајде сонцето, предлагаме да одберете оверсајз модел, кој потсеќа на фустан и да го комбинирате со кожени чизми. Па календарски се уште е зима, без разлика на температурите, и вие уживате во неа.