Кога е во прашање љубовта, астрологијата може да ви помогне во разбирањето на односите помеѓу партнерите, откривањето на компатибилноста на карактерите, како и во одредување на поволен период за влегување во врска или воопшто, движење во некоја акција.
Но постојат и многу ствари кои едноставно не се запишани во камен. Ова што следи се петте најчести митови поврзани со љубовта:
Мит бр. 1: Компатибилност на знаковите
Работите се многу покомплицирани од обичното слагање и совпаѓање на знаците. Секоја натална карта е всушност небесна мапа, па во односот и карактерот и сето она што се врти околу Сонцето (што претставува основен астролошки знак). Сите тие единствени комбинации на енергија или разоруваат нешто што сте го сметале за ’совршен пар‘ или помагаат да ги преминете препреките со леснотија, дури и кога во прашање се ’некомпатибилни‘ знакови.
Планети кои влијаат на успешноста на вашата врска не се само Сонцето, Месечината и останатите осум планети, туку и неколку илјади астероиди на линијата помеѓу Марс и Јупитер, планетоидот Кирон, како и низа други работи околу кои астролозите се уште расправаат, како уште малку би ги докомплицирале работите. Или пак можеби само да ги направат поинтересни.
Мит бр. 2: Совршени на хартија – совршени во стварноста
Скоро подеднакво важен мит и друга страна на астролошкиот медал е тоа дека еден пар ќе биде совршен во стварноста, ако така пишува на хартија. Ова е особено корисно за оние кои се склони кон пронаоѓање на врски преку интернет. Доколку не сте сигурни, тестирајте ја својата поврзаност и складност во живо пред да донесете некоја важна одлука, посебно врзани за емоциите и плановите за иднина.
Мит бр. 3: Тајмингот е сé
Без разлика на тоа што велат експертите, никој не може со сигурност да предвиди кога ќе ја сретнете љубовта на својот живот. Тоа едноставно не е можно! На пример, далеку поверојатно е Вагите да доживеат некоја романса во четврток, но постојат премногу човечки фактори и премногу непланирани околности кои може да се вплеткаат и влијаат на запознавањето на идеалниот партнер. Ако после запознавањето не сте сто отсто сигурни дали тоа е – тоа, подобро излезете на неколку состаноци пред да ја повикате идната љубов на својот живот да преспие кај вас, без разлика на она што ви го кажува хороскопот.
Мир бр. 4: Маѓична Месечина
Четврти и многу вообичаен мит ја поврзува романсата и полната месечина. Но само затоа што во моментов е работите се такви, не значи дека ќе доживеете некоја посебно романтична вечера. Растојанието помеѓу месечината дефинитивно ги зајакнува нашите емоции, но тоа не ора нужно да биде добра работа. Запрашајте ги медицинските сестри и дежурните полицајци ако не верувате. Значи, сепак е подобро да не се ориентирате според Месечината или барем да не донесувате сериозни одлуки базирани на тоа.
Мит бр. 5: Секогаш барајте совет
И за крај, голема заблуда е дека астролозите се всушност видовити на полето на љубовта. Не се! Некои од нив дури никогаш немале точни предвидувања и во врска со сопствените врски. Затоа е најдобро во конечните одлуки да се потпрете на сопствениот инстинкт и рационалните заклучоци.