ЈАРЕЦ
Не сте љубител на диети, но во можност сте целосно да го смените начинот на исхрана. Метаболизмот ви е забавен, па затоа задолжително појадувајте и редовно јадете, пред сè посно месо и риба, зеленчук и намирници богати со калциум.
ВОДОЛИЈА
Промената во исхраната полесно ќе ја прифатите ако ви се придружи и некој пријател, член на семејството или колега. Бидејќи сте склони кон чести осцилации на телесната тежина, треба да јадете што повеќе варен зеленчук, житарици, јогурт и кисело млеко.
РИБИ
Не поднесувате диети, или се прејадувате или изгладнувате, а апетитот ви расте со емоционалните проблеми. Потрудете се да пиете многу вода и да јадете свежи салати, риба и овошје. Обидете се со земање оброци во исто време, а бадеми и лешници секогаш носете со вас.