Реклама
CATWALK

Најдобрите модели од новата есенска колекција на Астибо

Реклама

Оставете моден белег со колекцијата есен/зима на брендот Астибо

Ревијално претставување кое наговестува сезона на висок моден стил, македонскиот моден бренд Астибо, заштитен бренд на интернационално ниво од модната куќа Астибо Basic, останува ненадминлив во умешноста да креира, скрои и претстави совршеното парче облека за Вас. Новата есенска колекција есен/зима 2017/2018 веќе го има своето заслужено место, секако на македонскиот пазар, но и на пазарите на поранешните југословенски републики – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Косово и Албанија, благодарение на неуморното следење на трендовите на женската мода и посетата на значајните светски саеми кои секогаш значат инспирација и иницираат избор на ткаенини од реномирани производители надвор од нашата земја. Најновата колекција ќе Ве освои со смело застапените бои, ткаенините од жакард, цветните принтови – актуелни за оваа сезона, етно дезени…

Маркетинг

Пребирливоста, својствена за вкусот на жената , е мотивот да се остане достоен во потрагата за префинетост, што за Астибо Basic, претставува задоволство со кое константно освојува маркети и купувачи ширум светот. За квалитетот на изработката, зборува и соработката и производството за повеќе познати европски модни брендови, меѓу кои, со одличната соработка се издвојува и големиот Karl Lagerfeld- Chanel.

Маркетинг

Развојната компонента на брендот Астибо е доверена на стручно квалификуваниот кадар, напорна работа и неуморната енергија која цели на успех, задоволни клиенти и задоволни купувачи. Страста кон работата и кон креирањето нешто поинакво, единствено, со светски признак, но претпознатлив македонски квалитет, резултираше со нова колекција есен/зима на брендот Астибо, достапна за Вас уште денес!

[Комерцијален текст] 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button