Автобиографија во трето лице што ќе ја прочита второ лице! .. е настан
кој се случи на 20ти март во 20 часот во чекалницата на Новата
Железничка Станица во Скопје.
Прочитаа и слушнаа дел од сопствените животни приказни авторите: Мане Манушев, Драгана Евтимова, Митко Гогов, Живко Гроздановски, Катерина Мишкова, Ѓорѓи Крстевски, Рамадан Рамадани, Анета Василева, Винета Огненоска, Билјана Димитрова, Небојша Стојаноски..
Ова беше прв ваков неконвенционален настан на кој публиката можеше да се сретне со пишувачите на железничка станица, да разговараат и слушнат за нивните животи од една друг, поразлична и покреативна перспектива. Приказните, автобиографиите прочитани од некое второ лице, а напишани во трето беше извонреден момент авторите меѓусебно да ја дознаат онаа скриена нишка која ги води да создаваат. Перформативните изведби на дел од авторите направија целиот овој настан да добие посебна енергија и оригиналност, како и простор за реализација во иднина.
Знаеме дека станицата како инспирација ја користеле многу автори, секој на посебен начин и со свој ракопис, стил на изразување се обидува да долови дел од сите оние исчекувања, воздишки, мигови на испраќање, пречекување. Времето кое таму отчукува со друга душа, премин помеѓу она што било и она што доаѓа, мост на минатото и иднината, зипувана сегашност.
Мене ми беше прв пат да читам на железничка станица, за повеќето беше така. Убаво беше да се присуствува на една таква трансформација на овој простор и неговата функција. Светлината која за време на настанот сјаеше таму ја оживеа станицата и даде живот како да поминуваат стотици возови таму. Мислите како патници џагореа, а луѓето в пријатната атмосфера уживаа. Одлично искуство, покажа дека реанимацијата на сите објекти кои ги имаме и давањето друга смисла на истите е една од основните работи со кои сите ние треба да за позанимаваме, ако сакаме да има повеќе култура. Честитки за организацијата!
Текстот е на Митко Гогов,
еден од учесниците на овој настан!
Фотографија: Кристина Гацова
Врати се на првата страна.