Поради високото ниво на витамин Е кој го содржи, аргановото масло посебно е погодно за третирање сува кожа склона кон брчки. Тој има смирувачко дејство и делува противвоспалително. Традиционално се користи за нега на кожата на новороденчињата, во масажа за поттикнување слабеење и зацврствување на ткивото, за регенерација на оштетена кожа.
Аргановото масло вообичаено се употребува два пати дневно, наутро и навечер, така што после измивањето се нанесува една капка на влажно лице и се масира во кожата. Ова масло ја надополнува изгубената влажност, ја смирува иритираната кожа, помага прилекувањето акни, ги намалува брчките, ја ренегерира и подмладува кожата.
Доколку сакате да го употребувате за нега на косата, само треба да го нанесете после измиена, на влажна коса. Тој ќе ѝ ја врати природната мекост и сјај на кожата, ќе го обнови влакното и ќе го поттикне нејзиниот раст.
Исто така можете да го употребувате и за нега на кожата на телото, така што после туширање ќе го нанесете на влажна кожа, при што ќе ја направите понежна и помека. Брзо се апсорбира и не остава масни траги.