Реклама
Блог

Конечно ни ја откри тајната – апликација со која секоја девојка изгледа секси на Инстаграм

Реклама

Карина Ирби (28) дизајнира костими за капење од Австралија и може да се пофали со армија обожаватели на социјалните мрежи.

Големиот број обожаватели го има стекнато со својот совршено обликуван задник, а сега и ни откри кој програм го користи за да изгледа совршено на социјалните мрежи, но и дека девојките во виртуелниот свет често лажат.

Маркетинг

Имено, Карина на Инстаграм сподели како изгледа процесот на дотерување на една нејзина слика, притоа порачувајќи дека повеќето девојки се вештачки разубавуваат додека во реалноста се многу поразлични.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BfWggZ9j5W5/?utm_source=ig_embed

Во прашање е Insta Girl Edit во кој вашата кожа станува глатка, а задникот како од соништата. Грудите стануваат поголеми, половината потенка, а самодовербата на Инстаграм расте заедно со бројот на лајковите.

„Но што се случува во реалниот свет? Каде исчезна самодовербата што ја имавме како девојчиња: Кога бевме мали, не се грижевме за тоа како изгледавме ниту се споредувавме со другите девојчиња. Без разлика дали вината е на социјалните мрежи, магазините, филмовите или Холивуд, вистината е дека работите се менуваат и дека почнуваме бескрајно да се споредуваме со другите, и се обидуваме да бидеме нешто што не сме.“

„И јас бев таква, и сигурна сум дека и голем број од вас што го читате ова сте такви. Но што побрзо одлучиме да се прифатиме онакви какви што сме, и ги отфрлиме туѓите критики, ќе бидеме многу посреќни во животот.“

„Јас знам дека сум“, пишува Карина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button