Апчињата најбрзо делуваат ако сте во ваква положба – го забрзува ефектот и до десет пати
Положбата на телото при земање лек може драстично да влијае на неговото дејство.

Едно ново истражување покажа дека нешто толку едноставно како положбата на телото во моментот кога пиете лек може да има огромно влијание врз тоа колку брзо и ефикасно делува терапијата.
Според научниците од Универзитетот Џонс Хопкинс (Johns Hopkins University), правилниот начин на седење или лежање може да го забрза делувањето на лекот и до десет пати, без да се менува дозата.
Advertisement
Истражувањето било спроведено со помош на најсовремени компјутерски симулации и магнетна резонанца, кои покажале како се раствораат таблетите во желудникот во зависност од положбата на телото.
Научниците тестирале четири различни позиции – стоење, лежање на грб, лежење на левата страна на телото и на десната страна (во положба од рамената до колкот), и резултатите биле изненадувачки.
Кога човек лежи на десната страна на телото (односно на десниот колк), таблетата се раствора најбрзо, за само околу 10 минути. Во стоечка положба или кога лицето лежи на грб, процесот трае два до три пати подолго, односно од 20 до 25 минути. А најбавна апсорпција се забележува кога лицето лежи на левиот колк (на левата страна на телото), кога лекот може да се раствора и до 100 минути.
Стручњаците објаснуваат дека овој феномен има анатомско објаснување. Долниот дел на желудникот, наречен антрум, е благо свртен кон десната страна. Кога лежиме на десниот колк, таблетата природно „преминува“ кон овој дел на желудникот, што овозможува побрз пренос во тенкото црево, каде што започнува вистинската апсорпција и дејство на лекот.

Ова откритие, според научниците, може да биде особено корисно за постари лица или пациенти со ограничена подвижност, бидејќи само со промена на положбата на телото можат да го забрзаат дејството на терапијата без зголемување на дозата.
Исто така, резултатите имаат и поширока примена, особено кај лекови кои се користат за брзо олеснување на симптоми како што се болка, мачнина или зголемена киселина во желудникот.
„Разликата помеѓу 10 и 100 минути може да биде пресудна во одредени ситуации. Затоа, дури и нешто толку едноставно како положбата на телото може да направи голема разлика во тоа како делува терапијата,“ објаснува еден од авторите на студијата.
Затоа, следниот пат кога ќе пиете лек, не заборавајте да размислите во која положба се наоѓате. Таа мала промена, лежање на десната страна, може да значи побрзо оздравување, подобра апсорпција и поефикасно дејство на лекот.
За побрзо и поефикасно дејство на таблетите, легнете на десната страна на телото и останете во таква положба неколку минути по земањето на лекот.




