Наши ѕвезди

Антониа Гиговска во екстравагантен корсет на Макфест – вистински маж знае како да сака една жена

Антониа Гиговска ја прими наградата за најслушана песна на минатогодишниот Макфест.  

Advertisement

Јубилејното 40-то издание на еден од најпрестижните музички фестивали во Македонија, Макфест, донесе возбудливи моменти и потврда за моќта на добрата музика. Песната „Жена“ на младата пејачка Антониа Гиговска е прогласена за најслушана композиција во периодот помеѓу ланскиот и годинашниот фестивал.

Оваа емотивна балада, која ја воодушеви публиката уште при првото изведување, продолжи да доминира на радијата, социјалните мрежи и топ-листите низ Македонија, потврдувајќи го талентот и харизмата на Гиговска.

Advertisement
принтскрин инстаграм/Антониа Гиговска

„’Жена’ е победник на Макфест! Оваа награда ја посветувам на мојата публика, без која ништо од ова не би било реалност. Ја посветувам на сите силни, чувствителни жени кои секојдневно ме инспирираат да создавам музика, и на оние мажи кои вистински знаат да сакаат, ценат и почитуваат. Затоа што, нели, право машко знае како треба да се сака една жена“, вели Антониа.

принтскрин инстаграм/Антониа Гиговска

Кога излезе да ја прими наградата, Антониа блесна во впечатлив стајлинг што совршено ја одразува нејзината уметничка енергија – црвен корсет, широки и предимензионирано долги црвени панталони, во комбинација со црвена наметка и црвен кармин.

принтскрин инстаграм/Антониа Гиговска

За наградата за најслушана песна, пејачката од Градот Штип доби ваучер од 120.000 денари, а тоа е единствената парична награда што се доделува на фестивалот во последните неколку години, откако организаторите се откажаа од традиционалните награди за прво, второ и трето место.

Advertisement
принтскрин инстаграм/Антониа Гиговска

Вечерва, на 25 октомври, Макфест 2025 ја затвори својата програма со третата фестивалска вечер, за која картите беа распродадени уште пред почетокот на фестивалот. На сцената ќе настапат 16 изведувачи со исто толку песни, кои или биле победници во изминатите 40 години или се вбројуваат меѓу евергрините на фестивалот. На сцената вечерва ќе ги видиме Владо Јаневски, Гиш, Ристо Самарџиев, Мики Јовановски-Џафер, Олгица Христовска, Питер Џон Босе, Тања Кочовска, Трајче Манев, Росана, Коки Јанков и други.

Директниот пренос на МРТ ќе започне во 20.15 часот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button