CelebrityUncategorizedНаши ѕвезди

Антониа Гиговска со скршено срце – Не ја отпеавме „Ванила“, ама ќе продолжам да „газам срц“ за тебе

Advertisement

По трагичната смрт на Панчо, член на познатото македонско дуо ДНК, македонската музичка сцена тагува за уште една голема загуба.

Меѓу бројните емоционални пораки и сеќавања што ги споделија јавни личности, се издвои статусот на пејачката Антониа Гиговска, која со потресни зборови се прости од својот долгогодишен музички соработник и пријател.

Advertisement

-Што и да напишам премалку ќе биде … Беше тука за мене од самиот почеток, веруваше во мене, и секој твој збор беше „Само гази срц“, напиша Гиговска на социјалните мрежи, потсетувајќи на поддршката што ја добивала од Панчо уште од почетокот на својата кариера.

Во нејзината порака, таа откри и едно незавршено музичко парче – песната „Ванила“, која била превидена да ја интерпретираат на заеднички настап, но никогаш не ја испеале заедно на сцена.

-Ќе ја чувам нашата „Ванила“ и еден ден кога ќе дојдам таму ќе ја испееме заедно, зошто тука не успеавме да ја испееме на ниту еден концерт … Само таа ми остана од тебе, а сакавме да направиме уште една, продолжува Гиговска.

Advertisement

Панчо, кој заедно со трагично загинатиот Андреј ја создаде и негуваше музичката приказна на ДНК, зад себе остави богато музичко наследство и бројни пријателства низ македонската сцена. Антониа посвети дел од својот статус и на нивните заеднички моменти, со длабока тага за загубата.

-Ќе ми фали и да се поткарнеме малку како што знаевме ние, зошто сега веќе ни тоа не можеме … До следно видување срц, пишува Гиговска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button