Наши ѕвезди

Антониа Гиговска призна дека е „специјалиста“ за кршење на машки срца – еве ги деталите (Видео)

„Го сменивме концептот во последен момент и дојдовме до тотално нова тема“.

Advertisement

Обично кога е лето и време е за одмори, на нашата музичка сцена многу ретко или речиси воопшто не се објавуваат нови песни и спотови, но секогаш има исклучоци. Таков пример е кој друг, ако не највредната пејачка, младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска.

фото-приватна архива

Таа и ова лето не ја остави својата публика без нова песна, напротив, во екот на летото таа објави уште еден музички проект на кој ќе подзавидат нејзините колеги од естрадата.

Advertisement

Имено, вчера (10. 08.) на социјалните мрежи и речиси на сите музички платформи, Гиговска ја објави најновата песна со наслов „Специјалиста”.

Тимот е веќе добро познат – Лазар Цветкоски, Магдалена Ена Цветкоска задолжени за музиката, додека режисер на видеоспотот и овојпат е незаменливиот Даниел Јовески.

– „Специјалиста” е песна која што дојде многу случајно, и требаше да биде женска песна, и да пееме за тоа како можеме ние жените да бидеме сами и да ни е убаво и да уживаме без машка половина, и да правиме буквално сè што сакаме, меѓутоа го сменивме концептот во последен момент и дојдовме до тотално нова тема, „Специјалиста” за кршење срца. За да не бидеме лоши и да се фалиме дека и ние жените кршиме срца, решивме да кажеме дека сепак мажите кршат срца (тоа и се очекува), открива Антониа и додава:

Advertisement
фото-приватна архива

– Прашањето на Лазе беше „Дали можеш да се носиш со титулата Срцекршачка и дали можеш да се соживееш и да ја пееш и пренесеш емоцијата?“ – Реков да, затоа што сум скршила срце можеби неколку пати во животот сакала или не сакала” – признава популарната пејачка.

Снимањето на еден ваков музички проект знае да биде исклучително напорен, всушност тоа го открива и токму Антониа.

– Можеби е најтежок проект за мене до сега, од причина што се беше набрзина, многу статисти, нова коса и плетенки кои се правеа 9 часа, многу непредвидливи работи на сет (2 пати ни заврна дожд и не можевме да снимаме), кореографија… и слично. Верувам дека после сè ова ќе резултира со успех. Горда сум што успеав да се најдам во тие две работи – пеење, играње – и мислам дека конечно го пробив ледот за истото – истакна Антониа.

Инаку оваа песна ќе се најде на новиот албум „Жена“ за кој ќе се прави мегапромоција по излегувањето на сите песни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button