Популарната пејачка Антониа Гиговска, по успехот со макфестовската песна „Жена„ (музика и аранжман на Лазар Цветковски, кој е и автор на текстот заедно со Магдалена Ена), лансираше колекција на дуксери насловена „Жена“, а со купениот дуксер се добива и украсна ќеса „Жена“ и изгравирано домино.
„Вистинската жена може да направи се сама, но вистинскиот маж тоа нема да ѝ го допушти“, напиша Антониа на серијата фотографии, претставувајќи ја колекцијата.
Advertisement
Колекцијата е пуштена во продажба, заинтересирани, секако, има. Само, главното прашање на потенцијалните купувачи кое доминира на фејсбук-профилот на пејачката е едноставното – „која е цената на дускерите?“.
За сега, јавниот одговор останува мистерија.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .