Да, Анџелина Џоли повторно изгледа анорексично и како да има само 35 килограми, но дали изгледот е поважен од здравјето?
Ова не е прв пат Анџелина да биде критикувана поради преслабиот изглед

Познатата актерка според пишувањата на некои странски медиуми повторно паднала на неверојатни 35 килограми и изгледа коска и кожа. И покрај тоа што се појавува на бројни настани и постојано носи широка облека, овој пат папараците ја фотографираа во едно од најшокантните изданија досега. Имено, таа беше фотографирана додека си заминуваше од еден театар во Холивуд облечена во црно здолниште и веста со кратки ракави кои ги открија нејзините анорексични и кревки раце и нозе.

Ова не е прв пат Анџелина да има проблем со килограмите и да биде главна тема во медиумите. Нејзиното преслабо тело веќе некое време е предмет на дискусија, а поради тоа, наводно, често имала конфликт и со својот поранешен сопруг Бред Пит. Според медиумите, причините за нејзината претерана слабост виновна е ригорозната исхрана која се состои од лажичка кокосово масло и шака житарки за појадок, неколку бадеми и гумени бонбони (!) или протеински шејк за ручек и малку месо и чаша црно вино за вечера. Секако не треба да го исклучиме и стресот поради бројни деловни обврски, разводот и грижата за шест деца, но и да се запрашаме дали изгледот е поважен или нејзиното здравје. Што ако таа е здрава, и се храни здраво, или се бори со некоја болест по природен пат, хранејќи се само со здрава храна?!

Дали со тоа што ја критикуваат медиумите всушност и помагаат или одмагаат?
Што мислите вие?



