Реклама
Наши ѕвезди

Познатата реперка со потекло од Македонија распали на социјалните мрежи: „Се распаѓам, а вие немате разбирање“

Реклама

Откако по втор пат ја напушти „Задруга“, реперката Анџела Вештица се повлече од медиумскиот живот.

Но и покрај тоа што најави дека ќе се повлече неколку дена од јавноста, контроверзната српска реперка која по потекло е од Крива Паланка и чие вистинско име е Анџела Митковски, повторно се огласи во јавноста. Таа со еден од нејзините последни статуси на Инстаграм покажа дека не е смирена потполно и дека се уште се осмелува да влезе во кавги и расправии. Овој пат причината беше тоа што пред неколку дена го најави својот најнов спот, но бидејќи не го објави на денот што го вети, некои и замерија. Ова очигледно не и се допадна на Анџела, па го напиша следниот коментар:

Маркетинг

„Добив порака ’зошто излажав дека денес ќе го објавам мојот нов спот’. Па, идиоту или идиотке, кој и да си, не лажев, бидејќи преку ’приказните’ два-три пати ги известив луѓето и сите да знаат дека сум многу болна, имам вирус, седам дома и се распаѓам. Ако сте толку безобразни да немате обѕир за мојата болест, тогаш не пишувајте ми на профилот и не пишувајте ми пораки. Јас сите ве сакам и сите ве почитувам, но четири-пет дена во вашите животи не значи ништо, а јас болна да се малтретирам, да седам во монтажа, навистина не можам“ – вели девојката со впечатлив изглед.

Маркетинг

Инаку, Анџела се прослави откако јавноста дозна за нејзините филмови за возрасни и по појавувањето во реалните шоуа.

Таа пред да ги снима музичките спотови беше танчарка во белградските ноќни клубови, а по успехот на нејзините песни, целосно му се посвети на пеењето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button