Реклама
Вирално

Меркел го најавува крајот на бугарските пасоши – ги повика Македонците на арбајтен во Германија?

Реклама

Дали новиот закон во Германија воедно ќе биде и крај на големата „потрошувачка“ на бугарските пасоши?

Според последните проценки, во Германија во овој момент има околу 1.3 милиони непополнети работни места. Таа важи за најсилна земја во Европа и во неа работат повеќе од 2 милиони граѓани од другите земји во Унијата.

Маркетинг

Но очигледно дека тоа не е доволно, па тие одлучија да побараат работници надвор од ЕУ. „Без доволно стручни лица, ниту една економија не може да преживее“, предупредува во својата видео-порака канцеларката Ангела Меркел која што ја посвети на новиот закон што треба да се појави на почетокот од следната година. Таа истакна дека потребата за работници од странство не се однесува само на академски образован кадар, туку и на квалификувани работници.

Новиот закон што ќе биде донесен ќе го олесни увозот на квалификуваните работници кои доаѓаат и надвор од Европската Унија, а законот треба да стапи во сила од 1 март следната, 2020 година. Главната цел на овој закон е да им се отвори патот на работниците кои се надвор од ЕУ да дојдат и да останат во Германија која има „очајни“ потреби од нив, како што вели во својата порака Меркел.

Маркетинг
Фото: Илустрација

„Ние во овој момент имаме бројни претпријатија кои се во очајна потрага за квалификувана работна сила. Ако политичарите не се погрижат доволно за стручните лица, фирмите и работодавците ќе ја напуштат Германија, а тоа не го сакаме“, вели Меркел во своето обраќање.

Денес треба да се одржи вонреден состанок на кој претставниците на владата, синдикатите и работодавците треба да се договорат како со новиот закон да привлечат повеќе квалификувани работници од земји кои не се членки на Европската Унија. Меркел најави и забрзано вадење на работни визи за лицата кои ќе ги стекнат овие услови.

Фото: Илустрација

Имено, во Германија од почетокот на 2016 на сила е Правилото за вселување од западен Балкан кое не е ограничено само на квалификувани, туку и на неквалификувани работници, но праксата покажа дека најголем проблем е издавањето на работни визи за кои понекогаш за состанок во германските амбасади се чека и повеќе од година дена.

https://www.instagram.com/p/B6C7uSDoIUd/?utm_source=ig_embed

 

Затоа германската влада треба наскоро да одлучи и дали тоа правило да го укине откако на 1 март ќе стапи новиот закон кој се однесува и на балканските земји.

Бугари под наводници

Досега нашите граѓани за да работат во Германија го избираа најлесниот пат – се пишуваа како Бугари и со тоа стекнуваа право за да извадат бугарски пасоши.

Па така бројките во последно време рушат рекорди, посебно во источниот дел од Македонија, а според неофицијални податоци тие се движат од 50.000 до 150.000 Македонци кои извадиле или имаат поднесено барање за бугарски пасош. И што е најинтересно овој тренд не запира, па така и оваа година се повеќе Македонци поднесуваат барање во соседна Бугарија за да ги извадат потребните „европски“ документи и покрај најавите на премиерот Бојко Борисов дека ќе се заострат условите за добивање на бугарски документи кои за волја на вистината Македонците најчесто ги вадат (и ги вадеа) заради егзистенцијални причини.

Фото: Илустрација

Имено, нашите граѓани тоа најчесто го прават затоа што во Македонија не можат да најдат работа, односно да бидат платени и да живеат достоен живот. Како што известуваше неодамна Дојче Веле на македонски јазик, Македонците биле „привилегирани“ во процесот за добивање на бугарски пасоши, па се очекува овој тренд наскоро да се намали, посебно откако ќе го спроведе во сила новиот закон.

Ако ништо друго барем оние Македонци кои ќе сакаат да живеат и работат во Германија, ќе можат да го направат тоа и без да мораат да се пишат како Бугари и да бараат фиктивно бугарско потекло за да извадат пасош.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button