Наши ѕвезди

Анета Љумаковска покажа што е жена – директно од Рим го „урна“ Јутјуб

Анета блесна во Рим, оттаму ни донесе нова песна со наслов Жена, која ја пее со длабоки емоции.

Advertisement

Македонската фолк пејачка Анета Љумаковска повторно ја освои јавноста, овојпат со својата нова песна насловена „Жена“.

Видеоспотот за баладата полна со емоции, а посветена на сите жени, е снимен во италијанската престолнина и оттаму носи силна порака за женската нежност, но истовремено и сила, чувствителност и истрајност.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Текстот е дело на Анита Даева, која преку своите зборови ја доловува патеката на секоја жена што се соочила со предизвици, љубов и болка, но останала силна. Музиката и аранжманот ги потпишува Дејан Момироски од XL Studio, додека Арт Студио се погрижи за креативната и визуелната страна на видеото.

Инаку, песната поставена на Јутјуб пред само осум часа, веќе ја слушнаа над 4 400 слушатели, а позитивни коментари се нижат еденподруг – „Браво девојче, преубаво, што и да пееш милуваш со тој прекрасен глас“, „преубаво и изненадувачки во секој поглед“, „свежо и моќно, силни зборови, силна порака“, „супер песна и спот“…

Потсетуваме, новата песна Анета ја најави уште пред еден месец.

По тешкиот период низ кој што помина по разводот од поранешниот сопруг, но и по веста дека повторно е вљубена, Анета сега реши да ја израдува својата публика со „Жена“.

принтскрин инстаграм

Таа тогаш го најави и својот нов бенд со кој во иднина ќе настапува.

Пред две недели пак, пејачката ги изненади сите позирајќи со своето ново момче, Рубин Размо.

принтскрин инстаграм

По среќната вест, Анета замина за Рим со тимот професионалци кои работеа на песната Жена.

принтскрин инстаграм

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button