Наши ѕвездиСтил

Пејачката Анета позираше пред огледалото во својот дом – партнерот го нема, ама ова сите го забележаа

Пејачката ги воодушеви сите со својата модна комбинација, а носеше само панталони и кошула, но и еден детаљ што не межеше да помине незабележано...

Advertisement

Познатата пејачка Анета Љумаковска покажа како го носи едно од омилените парчиња на многу жени

Една од омилените фолк-пејачки во Македонија овој викенд покажа едно интересно модно издание со кое сите ги изненади.

Advertisement

Но овој пат не беше во прашање ниту кусо здолниште, ниту пак тесен фустан, туку издание во каков навистина ретко ја гледаме.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, омилената македонска пејачка која во последно време често привлекува внимание и со своите стајлинзи, овој пат избра еден посебен стајлнг со кој ја воодушеви својата публика.

Advertisement

Станува збор за широки панталони кои пејачката ги комбинираше на мошне интересен начин и сите ги изненади.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Анета носеше широк модел во комбинација со сако во истата нијанса и бела кошула со риги во боја на вино.

Посебен печат на целото издание му даде вратоврската во истата нијанса со ригите, како и нејзината црвена коса која имаше посебна улога во оваа интересна модна приказна на пејачката.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

И бидејќи неодамна откри дека е вљубена (види тука), сега фановите се прашуваат дали вратоврската пејачката ја позајми од партнерот за да го заокружи ова интересно модно издание.

Таа направи и една фотографија пред огледалото во ходникот од својот стан, само овој пат не го носеше сакото.

И карминот беше во истата нијанса, а и со косата која врвно ја стилизира во последно време, постигна моќен ефект.

Како изгледаше, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инаку, Анета со ова издание се појави на настапот во Велес, во склоп на велешката „Питијада 2025“.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Таа сподели фотка и со колегите музичари, па со истата и им се заблагодари на организаторите на овој настан.

Фејсбук/ Анета Љумаковска

Фејсбук/ Анета Љумаковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button