Анета емотивна и искрена како никогаш досега, откри што мисли за својот колега – ова ги изненади сите
Пејачката ги изненади сите и со својот стајлинг

Концертот што вчера го одржа Влатко Миладиноски беше одбележан со силни емоции, посебно додека тој ги пееше најубавите песни.
Публиката со овации ја проследи секоја песна, а Влатко покажа зошто важи за еден од омилените фолк-пејачи во Македонија.
На концертот имаше и многу колеги и колешки на Влатко, а една од нив беше и познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа уживаше во настапот на својот колега, а по концертот сподели и емотивна порака со слика од настапот на Влатко.
„Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи, а ти и тоа како го сакаш ова што го работиш. Доказ за тоа беше овој прекрасен и повеќе од успешен концерт на кој со огромна чест присуствувавме. Благодарение на тебе и на твоето музицирање нашиот големец Војо Стојаноски кој остави многу зад себе, живее и ќе продолжи да живее. Ти благодариме што постоиш и што има на кого да се огледаме и да ни биде пример како треба да се чува и негува тоа што ни го оставиле нашите доајени на македонската песна. Благодарам Влатко за поканата и честитки за секој досегашен успех, ти посакувам безброј песни (хитови) и безброј концерти. Со почит Анета Љумаковска“, напиша пејачката по концертот, очигледно воодушевена од настапот на својот колега.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Нејзината објава откри како пејачката си ја помина вечерта, но и како таа се стокмила за концертот на својот колега.
Па така не изостанаа и коментари на сметка на нејзиниот изглед, а како Анета изгледаше, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Фотографии и снимки од настанот сподели и Спасен Сиљаноски кој беше и еден од специјалните гости на Влатко.
Спасен сподели и снимка на која се гледа како тој заедно со Влатко и неговиот братучед Дамјан Стојаноски, синот на Војо Стојаноски, како и Дарко Стојаноски, синот на Никодин Стојаноски (братот на Војо), седат на сцената и сите заедно пеат со емоции во еден глас.
В.П.П.
Ова беше можеби и еден од највозбудливите моменти, а Влатко со овој настап и заедно со поддршката што ја доби од пријателите и колегите, покажа како треба да се чува и негува македонската песна.
В.П.П.
Тој неодамна го најави и својот голем концерт во Охрид, кој ќе се одржи на 7 август во Античкиот театар, што воедно ќе преставува и прв настап на фолклорен изведувач на оваа сцена.
Повеќе за ова прочитајте тука.