Андријана НИКОГАШ ПОСРЕЌНА, ова беше посебен ден во нејзиниот дом: Пејачката горда на своето чето
Преубави вести од домот на нашата позната пејачка
Нашата позната пејачка Андријана Јаневска и нејзиниот сопруг Драган имаа убава причина за славење.
Имено, на нејзиниот син Димитар Гиновски му беше име, па мама гордо се огласи и сподели заедничка фотографија на Фејсбук.
„Чекори храбро, чини добри и бори се з правда. Нека ти е вечно името, синко“, напиша Андријана на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Инаку, Андријана од бракот со Драган Гиновски Гино покрај Димитар го имаат и синот Кристијан.
Фејсбук/ Андријана Јаневска
Пејачката и гитаристот се во брак од 2009 година, а заедно со синовите живеат во куќа во скопската населба Бардовци.
Андријана во една пригода во интервју за Гламур магазин ќе открие дека токму мајчинството за неа е најубавото нешто што и се случило во животот, но и дека ужива во дружбата со синовите и дека сака со нив да има другарски однос.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
„Тоа е најубавото нешто што ми се случило во животот. Уживам во дружбата со моите синови и ги третирам како мои другари. Си разговараме за се’, се гушкаме, смееме. За нив задолжително имам време секој ден по неколку часа, за да може и да прошетаме, и да одиме на музичко, фудбал, да играме, да пишуваме домашно…“ изјави тогаш Андријана, па го додаде и следново:
„Ги учам да бидат среќни. Па така, кога ќе пораснат, ќе бидат способни да ја распознаат вредноста на нештата, а не нивната цена“.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Потсетуваме, Андријана покрај оваа убава вест за именденот на својот син сподели уште една интересна информација.
Имено, Андријана откри дека потпишала договор со светската филмска компанија „Варнер Брос“ и дека учествувала како вокал на официјалната музика за видеоиграта „Mortel Combat“.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Таа потоа го додаде и следново:
„Ми преставува чест што работев на ваков врвен проект“, напиша Андријана на социјалните мрежи.