Наши ѕвезди

Андријана Јаневска никогаш не била поубава, „Каде сте Македончиња“ ечеше на сиот глас (фото)

Плоштадот беше претесен

Advertisement

Илјадници луѓе дојдоа да ги слушат македонските пејачи

Нашата музичка ѕвезда, Андријана Јаневска, деновиве имаше одличен настап во Охрид заедно со своите колеги.

Advertisement

Станува збор за концертот што тие заедно го одржаа во рамките на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, од кој сега Јаневска сподели неколку фотографии на социјалните мрежи.

Фејсбук/ Андријана Јаневска

Таа неодамна во рамките на овој проект ја преработи песната „Каде сте Македончиња“ со која и овој пат ги воодушеви сите.

Advertisement

Андријана и овој пат звучеше маестрално на сцена, а публиката која беше во голем број ја награди со бурен аплауз.

Фејсбук/ Андријана Јаневска

И како што веќе сме навикнати, Андријана и овој пат на настапот блескаше, облечена во внимателно избран стајлинг. Носеше преубав црн фустан кој совршено го истакна нејзиното згодно тело, со кусо здолниште и мрежест, проѕирен дел во пределот на деколтето и ракавите, а целото издание го зачини со елегантни високи потпетици.

Како пејачката изгледаше, погледнете во продолжение:

Потсетуваме, песната „Каде сте Македончиња“ премиерно е изведена 1987 година на „Фолк Фест Валандово“ од Александар Сарев.

Сарев почина во 2022 година, на 86 годишна возраст, но многу негови песни ќе останат вечно во македонскиот народ.

Фејсбук/ Андријана Јаневска

Една од нив е и токму песната „Каде сте Македончиња“, создадена од Бранко Ѓорѓиевски, која денес важи „химна на децата-бегалци“, посветена на македонските деца кои беа протерани од своите домови за време на воените судири во Егејска Македонија.

Како звучи изведбана на Андријана на оваа безвременска песна со многу силна порака, потсетете се во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button