Андреј од ДНК се вратил да спасува деца од пламените јазици!

Информацијата која се прошири дека пејачот Андреј од ДНК е добар и е во штипската болница, се покажаа неточни, потврдено е дека се работи за друго момче со тоа име. За жал, пристигна најлошата вест дека Андреј им подлегнал на повредите од пожарот.
По трагичниот настан во Кочани мајката на пејачот од ДНК Андреј Ѓорѓиевски ги обиколи сите скопски болници од утрово, но нема трага од нејзиниот син. Со болка заминува дома да чека информации за синот. Ова за „Независен“ го потврди близок член на семејството на Андреј.
Последен пат пејачот од дуото ДНК Андреј, бил виден како се враќа во дискотеката со цел да им помогне на децата што останале меѓу пламените јазици. Сведоци тврдат дека Андреј последен пат бил виден како повторно влегува во дискотеката за да спасува деца, додека пожарот брзо се ширел низ објектот.
И новинарката Соња Алексоска Неделковска напиша статус во кој кажува дека е уверена дека Андреј е многу хуман човек и дека сигурно го направил тоа што го кажуваат сит , се вратил да помогне.
– Ги знам 20 години, тие се предобри и прехумани – напиша Неделковска.
Потсетуваме дека пејачот Владимир Блажев -Панчо, со изгореници на лицето и рацете, е хоспитализиран на Клиниката за пластична хирургија.
Според првичните информации што ги сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пожарот бил предизвикан од пиротехнички средства користени како светлосен ефект во затворен простор.