Диети

Ананас диета – симнете 3 килограми за само 5 дена

Реклама
Реклама

За да се ослободите од килограмите што се наталожија во текот на студените месеци ви предлагаме една стара добра диета, соодветно прилагодена врз основа на на искуствата на стотици илјади луѓе кои ја користат за да ја доведат линијата во ред, пред да настапат критичните месеци во кои сé излегува на виделина.

Свежиот ананас е богат со хранливи материи и e одличен извор на голем број витамини и минерали како и ензими кои го поттикнуваат варењето, работата на бубрезите, и помагаат во справувањето со различни воспалителни процеси. Што е најважно од сé, содржи само 46 калории во 100 гр. Постојат различни варијанти на ананас диетата, а овде решивме да ви понудиме една брза варијанта со која за само 5 дена без проблем ќе се ослободите од 3 килограми. Циклусите од 5 дена можат да се повторуваат, но се препорачува по 30 дена да се направи пауза.

Маркетинг

Деновите во диетата се разликуваат по тоа што се поделени на парни и непарни денови. Предвидена е различна исхрана за парните и за непарните денови. За сите денови се препорачуваат најмалку 2 чаши благ растителен чај како и чаша вода веднаш по станувањето.

План за исхрана во непарни денови (првиот, третиот и петтиот ден од диетата)

Маркетинг

·    Појадок: еден круг свеж ананас и шолја зелен чај без шеќер, 2 дл. јогурт со ниска масленост со една лажица мусли
·    Ручек: супа од зеленчук со додадена една лажица мелени житарки (може да изберете од следните житарки: ориз, пченица, јачмен, пченка, просо и овес), обарен сезонски зеленчук (колку сакате), парче свеж ананас
·    Ужина: шолја зелен чај без шеќер, парче свеж ананас
·    Вечера: 200 гр. риба (печена во фолија), салата (морков, пиперка, домат,…), парче свеж ананас

План за исхрана во парни денови (втор и четврти ден од диетата)

·    Појадок: чаша свеж исцеден сок (ананас, киви, портокал), шолја замена за кафе без шеќер
·    Ручек: 180 гр. пилешко (или мисиркино) месо печено во рерна, зеленчук печен на плотна или во тава без или со многу малку масло, на пр. печени домати, 2 парчиња интегрален двопек и парче свеж ананас
·    Ужина: парче свеж ананас и 2 дл. јогурт со ниска масленост
·    Вечера: супа од зеленчук (тиквички, моркови, брокула, целер…), тврдо варено јајце, салата од свеж спанаќ и парче свеж ананас

Ананас диетата е одличен избор доколку сакате за кратко време да се ослободите од неколку килограми и да го прочистите организмот. Диетата трае само 5 дена и можете да ја прилагодите на вашите потреби, односно да ја држите кога ви одговара и тоа до 2-3 пати месечно. Диетата е богата со хранливи материи, но дневниот внес на калории (околу 800) е прилично низок. Тоа можете да го корегирате со благо зголемување на количината и видот на јогурт кој го консумирате (земете помрсен) како и количината на протеини (пилешко, мисиркино, риба…), така што можете да ја зголемите количината на порцијата и со 25%.

Оваа диета дефинитивно вреди да се проба, макар да направите и само еден петодневен циклус!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button