Со помош на технологијата, прерано починатата музичка ѕвезда Amy Winehouse, повторно ќе се врати на сцената и ќе ги запее своите добро познати хитови.
Слично како што во Април и рап легендата Tupac Shakur (2 Pac) се појави на сцена излегувајќи од гробот, поточно неговата проекција со холограм, и Amy по повод годишнината од нејзината смрт, повторно ќе ’запее‘ на сцена. Ова сигурно ќе ги израдува многубројните нејзини обожаватели, а еден од нив е и нејзиниот татко Mitch Winehouse. Во врска со оваа идеја и настан кој што е во припрема, тој го изјави следново:
“Најважната работа на Amy во животот ú беше музиката и сигурен сум дека многу луѓе повторно ќе сакаат да ја слушнат како повторно пее. Од тоа зависи како нејзините фанови ќе сакаат да ја запаметат, дали тоа ќе биде книга, албум или пак холограм. Тие ќе одлучат како ќе биде.“
За крај, таткото Mitch – кој се уште работи како таксист – додава дека ќе му биде многу тешко да присуствува на тој настан, доколку навистина се случи. Вели дека се уште воопшто не може ниту да ги слуша нејзините песни на радио, или пак да ги гледа нејзините снимки кога ќе се појават на телевизија.
„За разлика од на сите други, таа мене ми е ќерка. Едноставно тоа е премногу болно за мене“, завршува Mitch.