Производителите од САД не отстапуваат од својата стратегија: голем мотор со многу коњи, без претерана помош на турбинот или електрониката, па агресивен изглед – сето тоа е непогрешлив трејд марк на американската автомобилска индустрија.
Грубо кажано, во светот можат да се препознаат три филозофии на создавање на спортски автомобили: јапонската, европската и американската. За разлика од останатите кои своите модели ги градат на темелите на технолошкиот напредок, најголемата светска индустрија, онаа американската, останува верна на своите темелни вредности. Секој од овие четири американски коли кои ќе ви ги претставиме, се гордее пред се со своите големи и обемни агрегати, кој што е секогаш распореден во не помалку од осум цилиндри, поставени во V положба. Американците се помеѓу оние ретки нации во светот кои можат да си дозволат автомобили кои многу трошат, бидејќи кај нив поимот ’скапо гориво‘, во однос на остатокот од западниот свет е непознат поим.
Голем и силен мотор е редовно пропратен со заден погон, околу тој двоец се гради остатокот од автомобилот. Идеален американски спортски автомобил мора да биде посебен во секој поглед: изгледот, перформансите, ексклузивноста и традицијата. Mustang-от на пример, се произведува од 1964г. а Corvette-та дури од 1953. Во тоа друштво дури релативно неодамна се вмеша и Viper-от, но со сериозна намера таму и да остане, затоа што веќе некое време ја заслужи титулата ’култен автомобил‘. Секој од споменатава тројка е оригинален, не се работи за никакви преработки или доработки, американските ’спортисти‘ се врста за себе – факат!
DODGE VIPER RT – 10
(Американски оригинал)
Иако внатре, во кругот на големата четворка, Viper-от е всушност стара вест, во никој случај не смее да се заобиколи кога станува збор за американски спортски автомобил. Пред се, тоа е доста млад болид, бидејќи прв пат како концепт се има појавено дури во 1989 година, за да со озбилно производство се започне дури во 1993. Желбата на водачите на групацијата Chrysler биле еднозначајни: до 150 километри на час и назад за само 15 секунди. Требало да се направи автомобил по примерот на некогашниот Cunnugham, тркачкиот јунак на 50 – тите години.
Viper-от тоа и навистина го може, пред сé, благодарение на Big Block моторот со десет цилиндри. Американците сакаат да се повикуваат на формулата 500 – 500 – 500, што значи сила, големина и вртежи на моторот, секако, изразено во англосаксонски мерни единици. На кратко, во мотор од 8,3 литри, лежат 500 КС и 678 Nm. До сега, во неколку редизајни, нема доживеано револуционерни промени во изгледот. Единствено нешто на кое постојано и озбилно се работи е моторот. Всушност, тоа и é душата на Viper-от, кој што го прави најоригинален.
CHEVROLET CORVETTE C6
(Дама која што не старее)
Сонот на секој млад американец од предградието ја доживеја својата шеста генерација пред некои 5, 6 години. Како и претходно, новата Corvette донесе некои револуционерни новости. Прв пат после 1962 г. светлата не се ú скриени, туку изложени. Инженерите на Chevrolet по прв пат мислеле и на потрошувачката, па новата Corvette троши помалку од Viper-от (а тоа сепак и не е толку тешко), конкурентските Porsche и Ferrari.
Сепак, најважното е сепак исто: големо и силно! Од европските конкуренти, значајно поедноставниот шестлитарски V8 и дава на Corvette 400 КС и 542 Nm, што е значително зголемување. Во однос на старата, новата Corvette е намалена за 13 сантиметри, па е многу повеќе аеродинамична. Дали тоа Американците гледаат кон европа? Можеби, посебно ако знаеме дека на вратите нема кваки, а моторот се пали на копче. А и присутноста на патиштата во овие 3 до 5 години, може да се додаде аргумент плус на таа констатација!
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.