Диети

Американска диета: Дневно се губи по 1 килограм масни наслаги!?

Реклама
Реклама

ДОЗВОЛЕНА ХРАНА

СИТЕ ВИДОВИ НА МЕСО: јагнешко, пилешко, телешко, јунеко и т.н., подготвено на сите начини освен похувано. Можете да јадете варено, печено месо, скара, сушено месо, колбаси, нарезоци, освен виршли.

Маркетинг

СИТЕ ВИДОВИ НА РИБА: морска риба, слатководни риби и сите видови на риба во конзерва.

СИТЕ ВИДОВИ НА САЛАТИ: свежа зелена салата, салата од јајца, свежи или печени пиперки, домати, краставици, свежа или кисела зелка, цвекло, салата од морски плодови, кромид, ротквица, спанаќ… Салатите се зачинуваат со масло, оцет, сол и бибер. Може да се додаде и ајвар.

Маркетинг

СИТЕ ВИДОВИ НА ЗЕЛЕНЧУК: блитва, карфиол, брокула, спанаќ, праз, зелка, аспарагус, артичока, домати, моркови, целер, репа и т.н.

ПИЈАЛОЦИ: минерална вода, тоник, обична вода, црно кафе и сите видови чаеви без шеќер. По шестиот ден можете да пиете и лимонада, секако без шеќер.

ЗАБРАНЕТА ХРАНА

– леб, компири, брашно, ориз, леќа, грав, грашок, презла, похувано месо, тестенини, кикиритки, лешници, виршли. Во јадењата не смеете да додавате запршка.
– Овошје
– Млеко,путер, кисела или слатка павлака, јогурт, кефир, млечни и овошни јогурти или пудинзи, маргарин, шлаг, никакви колаши, слатки, торти, шеќер, чоколадо, разни грицки солени или баги, сладолед. Никакви сирења или кашкавали.

Во некои варијанти на оваа диета е дозволено внесување на млечни производи (со што помалку јаглехидрати во составот), и тоа во мали количини, на пример малку кашкавал или сирење или половина литар јогурт дневно. Доколку внесувате јаткасти плодови, ограничете ја количината на една шака дневно.

Од понеделник до и сабота целосно се исфрлаат јаглехидратите, а во недела можете да јадете јаглехидрати за појадок и ручек. Потоа во понеделник почнувате пак од почеток. (Ја следите листата, без никакви јаглехидрати). Значи, 6 дена ја следите листата, а десмиот де внесувате јаглехидрати како тестенини, компири, ориз, и сл. освен благо. Ако толку ви се јаде благо, земете мед или неколку интегрални бисквити. Следниот ден повторно се враќате на исхраната без јаглехидрати.

Ваквиот тип на исхрана овозможува да се топат мастите а да се зачуваат мускулите. Диетата е едноставна, а ветува одлични резултати. Минималната загуба на килограми е 10 килограми за еден месец. Како и за секоја диета, најдобро е да се консултирате со вашиот доктор пред да ја започнете.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2
Back to top button