CelebrityОпа!

Американка заработи 95 милиони на „ОнлиФанс“ – Софи Рејн започнала како келнерка, а сега е сензација на интернет (Фото)

Advertisement

Кога пред две години ја изгубила работата како келнерка во Флорида, Софи Рејн имала само две можности: да се повлече или да ризикува и да започне нешто ново. Избра да се бори и отворила профил на платформата „ОнлиФанс“. Ова ѝ било само привремено решение, додека не најде стабилна работа, но животот брзо ја изненадил.

Денес, на само 21 година, Софи објави бројка што изгледа неверојатно дури и за неа самата: заработени над 95 милиони долари за само две години.

Advertisement

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophie Rain (@sophieraiin)


На својот профил на „Икс“ напиша дека е благодарна, а како доказ за огромниот раст го прикачи и графиконот на своите приходи — линија што од месец во месец стрмоглаво се искачува нагоре.

Податоците се речиси неверојатни:

– речиси 6 милиони долари месечно во почетокот на 2025 година
– раст од над 26.000 проценти
– постојан пораст во текот на целата 2024 година

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophie Rain (@sophieraiin)


Од девојка што служела гости во мал ресторан, Софи Рејн денес стои меѓу најуспешните креаторки на содржина на интернетот.

Но нејзината приказна не е само приказна за пари. Дел од своето богатство го насочила кон хуманост: неодамна донирала шестцифрен износ за борба против гладот. Нејзините следбеници ја пофалија што со успесите не само што се пофалува, туку и помага.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button