Реклама
НовостиСтилХоливуд

Еве зошто оваа прекрасна дама ја обожаваат и многу Македонки

Реклама

Амал Клуни е една од најпознатите светски модни икони

Таа на нашите радари се појави во 2014, кога ја започна нејзината врска со Џорџ Клуни, а потоа следуваше и брак. И за целото тоа време секојдневно бевме „бомбардирани“ со мноооогу инспиративни модни изданија на познатата адвокатка и активистка за човекови права. Таа изгледа прекрасно без разлика дали станува збор за нејзините деловни изданија или за облеката што ја носи на црвениот килим. Но прекрасната Амал е во центарот на вниманието и во нејзините „off duty“ комбинации во кои како никоја друга може да носи кратки маички, фармерки или мини здолништа. Па еве ја користиме приликава, по повод нејзиниот 40 роденден, да се потсетиме на некои од нејзините најдобри модни комбинации и повторно да позајмиме по некој генијален трик.

Маркетинг

Маркетинг

Поврзано

Back to top button