Сопругата на Џорџ Клуни во секси издание
Амал Клуни која инаку ретко можеме да ја видиме во спровокативни комбинации, на 57 роденден на својот сопруг ги изненади сите. Таа беше главна ѕвезда на вечерта, особено при излегување од ресторанот во Менхетен кога брачниот пар беше пречекан од бројни фоторепортери. Амал за оваа пригода носеше краток црн комбинезон кој изгледаше како да е кроен само за неа, а целото издание го заокружи со златна плико чанта и сандали во беж нијанса со две ремчиња кои визуелно дополнително ги издолжија нејзините нозе.
Познатата адвокатка со ова ултра кратка комбинација покажа како за само година дена од раѓањето на близнаците Ел и Александер успеа да се врати во топ форма во каква што беше и пред да се породи.
Па, што велите за ова издание на познатата адвокатка?