Реклама
Фитнес

Алтернативни вежби со кои не мора да дигате тегови, а вашето тело пак ќе изгледа убаво

Реклама

alt

Зумба

Зумбата претставува комбинација од љубов кон аеробикот и танцувањето. Со комбинирање на стилови на денсање како Салса, Мамбо, Ча-Ча-Ча и Хип Хоп… Со комбинирање на аеробик движења, Зумбата овозможува ефективно намалување на вишокот килограми и што е најважно, ја одржува формата до одредена константа. Зумбата всушност е забава, ’замаскирана‘ во вежба, па затоа (покрај ефиканоста) последните години се шири многу бргу помеѓу поклониците на телесните вежби. И што е најважно, овој вид на вежба е погодна и препорачлива за сите возрасти и му дава извонредна форма и контури на целото тело.

Маркетинг

alt

Кунг-фу

Маркетинг

Ако имате гледано барем неколку Џеки Чен или Брус Ли филмови, ќе се сложите со нас дека Кунг Фу-то стои како совршен пример за алтернативен начин за вежбање, со кој драстично ја подобрувате способноста за самоодбрана. Техниката Кунг Фу ’верува‘ во базичниот принцип на балансирање на телото со свежината и бистрината на умот. Стандарден Кунг Фу тренинг вклучува истегнување на мускулите, градење на отпорност и вежби за физичка сила, сето тоа во комбинација со одреден начин на дишење. Крајниот резултат е силно и моќно тело и ум.

alt

Капоера

Доколку сте ги виделе смртоносните одбранбени движења на Vincent Cassel во борба со обезбедувањето во филмот “Ocean’s Twelve”, или пак своевремено сте играле “Tekken 3” на Playstation, тогаш веднаш ви е јасно за што станува збор.

Капоерата (Capoeira) e една од оние вештини и вежби кои најбргу се шират помеѓу сите оние кои трагаат по алтрнативни начини и техники на вежбање. Со корени во бразилските  боречки вештини, развиена е со комбинација на бразилските борбени движења и танцови. Борбените вештини го градат телото и придонесуваат за голема еластичност, зголемувајќи го физичкиот баланс помеѓу умот и телото.  

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button