Новогодишните прослави и журки не ми се многу омилени, ама дотерувањето-секогаш!
Изгледот што го избрав одговара за домашна прослава со најблиските, но би го носела и на некоја новогодишна забава во кафуле или ресторан. Најдобриот дел е што за овој изглед не потрошив ни денар: избрав рачно изработен винтиџ фустан од 60-тите на кој не морав да направам никакви корекции.
Топло препорачувам да оживеете некое парче од плакарот на мајките или тетките, на тој начин ќе заштедите и ќе изгледате оригинално. Бидејќи фустанот има детали во самиот крој, дозволува малку модни додатоци, па се одлучив за овие долги висечки обетки со леопард дезен.
Изгледот го заокружив со кафеави оксфорд високи потпетици и плик ташна што се лесно носливи во секојдневни комбинации, не само за новогодишната прослава. Со ваков модел на фустан со впечатлив горен дел препорачувам собрана коса, cat eye и нагласен кармин.
Бидете свои, ве сака Александрина Везилка :)