Новости

Александра Пријовиќ ужива во вилата на Лепа Брена од 18 милиони $ – еве како изгледа со труднички стомак

Снаата на Лепа Брена ја објави првата фотографија со трудничкиот стомак

Advertisement

Први труднички фотографии на познатата пејачка

Познатата фолк-пејачка Александра Пријовиќ е во блажен состојба и со сопругот Филип Живојиновиќ го чекаат нивното второ дете.

Advertisement

Тие моментално престојуваат во Мајами, а од фотографиите што ги сподели може да видиме дека биле да го посетат Дизниленд.

Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Александра на својот Инстаграм сподели фотографија на која се сите заедно, но и една на која се гледа нејзиниот труднички стомак.

Advertisement

Пејачката блескаше во црниот фустан, додека нејзиниот син Александар си ја бакнува сестричката преку стомакот.

Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Инаку, тие престојуваат во вилата на Лепа Брена и Бобан Живојиновиќ за која познатиот пар издвоил околу 18 милиони евра.

Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Со нив на ова патување е и синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, како и сестрата на Брена, Факета која е мошне блиска со пејачката.

Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Потсетуваме, Александра по втор пат е бремена и по синот Александар познатата пејачка сега очекува да добие наследничка.

Таа зад себе има поприлично успешна година кога е нејзината кариера во прашање и бебето навистина дојде во вистинскиот момент.

Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Пејачката и нејзиниот сопруг решија да направат мала пауза далеку од дома, па ги спакуваа куферите и заминаа на семеен одмор во Мајами, каде Александра може максимално да одмара и да ужива во бременоста.

Инстаграм/ Александра Пријовиќ

И таа и нејзиниот сопруг го сакаат Мајами, посебно што на ова место Филип ја побара за жена, така што имаат незаборавни спомени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button