Celebrity

Александра Пријовиќ се породи – бебето доби необично име со голема симболика!

Малото девојченце се роди денес, на 3 септември, во 15.55 часот. Тешка е 3,03 килограми, а долга 51 сантиметар.

Advertisement

Пејачката Александра Пријовиќ (29) и нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ денес го дочекаа најсреќниот миг – нивната прва ќерка. Ова е прва ќерка во семејството Живоиновиќ по многу години, а радоста е бескрајна.

принтскрин инстаграм

Своето мајчинство, популарната пејачка го започна пред точно шест години, кога го доби синот Александар. Тој беше нивниот прв наследник и одредено време единствено дете во семејството. Денес, ова мало и преслатко момче има и нова улога – постар брат.

Advertisement

Породување во приватна клиника, лесно и во најдобар ред

Александра се породила попладнево (во 15.55 часот) во угледна приватна клиника во Белград. Според српските медиуми, во болницата ја донел нејзиниот сопруг Филип.

Сè поминало лесно и во најдобар ред, сега мајката и бебето се чувствуваат добро и се во стабилна состојба. Бебето се родило со тежина од 3,03 килограми, а должина 51 сантиметар.

По породувањето, Александра е сместена во удобен апартман во клиниката, каде ќе се одмори и закрепне, додека бебето е веднаш до неа.

Advertisement

Нивниот син, Александар, е највозбудениот член на семејството во моментов. Со голем ентузијазам чека да ја запознае својата сестричка. Уште пред таа да се роди, тој помагал во изборот на играчки: барал од мама и тато да одат во продавница за детски играчки, за да избере плишани мечиња и други бебешки предмети за нејзината соба.

принтскрин инстаграм

Собата за бебето е веќе подготвена

Родителите, но и синот, долго ја подготвуваа атмосферата во домот за пристигнувањето на најмалиот член: Веќе е направена посебна соба за бебенцето со прекрасни декорации во нежни, топли тонови, со бело креветче. Секој детаљ е избран за да создаде топлина и мир, односно катче совршено за новороденчето.

Симболично име

Бебенцето веќе си доби име, Ариа. И тоа не е случаен избор. Ариа симболично ги носи карактеристиките на „племенита”, симболите на „воздухот“, но значи и „лавица“. Самото име има интернационална звучност, лесно се изговара на сите јазици, а и создава хармоничност со името на братот Александар.

По шест години, семејството стана поголемо и уште повеќе пополнето со љубов. Доаѓањето на Ариа, особено ги израдува и Брена и Боба кои со прославата веќе започнале во домот.

На Инстаграм се огласи и гордата мајка на Александра, Борка, која кратко и јасно напиша „се роди Ариа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bokica Borka Mihajlovic (@borkamihajlovic1974)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button