CelebrityНаши ѕвезди

Александра Јовановска стана мајка – Новинарката на МТВ го роди својот прв син Лука

Advertisement

Новинарката и водителка на Македонската телевизија, Александра Јовановска, денеска го доби своето прво дете. Таа и нејзиниот партнер Ангел станаа родители на синче кое го доби името Лука.

Радосната вест Јовановска ја сподели на својот профил на Инстаграм, објавувајќи нежна фотографија која открива дека новото поглавје во нејзиниот живот започнало со многу љубов и возбуда.

Advertisement

Водителката на популарните емисии „Наш подиум“ и „Стисни плеј“ досега ја држеше својата бременост подалеку од јавноста, па објавата изненади многумина нејзини следбеници и колеги. Под фотографијата брзо се нижаа честитки од пријатели, познати личности и обожаватели кои ѝ посакаа многу здравје и убави моменти со бебето Лука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button