Направи cкaндал во „Ѕвездите на Гранд“ но сега има убави вести – ВЕЛЕШАНЕЦОТ ги изненади сите, ова го чекаа многумина
Александар Темелков соопшти убави вести на Инстаграм
Младиот пејач од Велес, Александар Темелков (21) се најде во фокусот на медиумите кога во март ја напушти емисијата откако не доби ниту еден глас од жирито.
Никој не очекуваше таков крај, а најмалку Александар кој во ова шоу се појави кога имаше само 15 години.
Тој тогаш остана запаметен со неговата изведба на песна од Зорица Брунцлик и кога Јелена Карлеуша го зема во рацете и го изнесе на сцената. Но на последниот настап тој доживеа големо разочарување, и тоа од своите идоли.
„Кандидатот број два во минатиот круг помина на шега, и комина и на мојата добра волја, но Темелков, сине мој мили, те разбирам. И твојата волја и желба, и дека си најсреќен кога ќе застанеш на оваа сцена, но нема понатаму за тебе. Не вреди“ изјави тогаш Марија Шерифовиќ.
Во тој момент Темелков најпрво помисли дека се шегуваат со него, како што тоа веќе еднаш го направија, но откако сфати дека работата е сериозна дека навистина нема да добие ниту еден глас, тој во тој момент реши да ја напушти сцената без да се поздрави со претстаниците на жирито.
Но, тој е решен да успее и не се откажува од својата кариера. Тоа го покажа и деновиве со неговата нова песна.
Имено, тој се снимаше во студио и ја најави својата нова песна.
Неговите фанови кои со нетрпение очекуваа да излезе песната му честитаа и му пружија поддршка.
На Инстаграм откри што мисли за Гранд
Инаку, Александар, по неуспехот во „Ѕвездите на Гранд“, им се обрати на своите фанови преку социјалните мрежи и објасни што најмногу му пречело во шоуто.
Еве што напиша тогаш тој:
„Исто така во 5-от круг го завршувам моето учество во ова шоу, но морам јавно да го споделам ова со сите вас. Јас знаев дека ќе испаднам затоа што сé пред време се договара, кој ќе оди, а кој ќе испадне. Но сепак сакав да останам достоен до самиот крај и да се појавам. За жал вие гледачите тоа не можете да го видите, што се случува зад сцената, па на сите ви е малку чудно, а што се однесува до гласањето на жири комисијата се беше договорено пред мои очи и после ова мислам дека шоу како што е ‘Ѕвездите на Гранд’ не е за мене или едноставно да кажам не ме заслужува“, напиша младиот велешанец по шоуто на својот профил на социјалните мрежи.
Тој тогаш во својата објава додаде и дека Гранд не е за него и дека ќе се посвети на нови музички проекти.
И очигледно ќе си го одржи зборот!
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков
Фото: Инстаграм/ Александар Темелков