Реклама
Портрети

Александра Митковска

Реклама

Александра Митковска е родена 1984 година во Скопје. Живее и работи на релација Скопје-Белград-Милано.

LABEL OVERVIEW

Маркетинг

За кариерата на моден дизајнер се одлучила многу рано, со завршување на средно уметничко училиште, отсек за текстил и облека.  Своето професионално усовршување го продолжува на факултетот за моден дизајн во Милано, „Fashion Institute Burgo“, а магистерски студии исто така завршува на миланскиот престижен факултет „Fashion Institute Marangoni“. Со свои мини колекции има учествувано на две групни ревии на „Модниот викенд“ во Милано. Нејзиното образование и пракса и овозможило да се сретне и работи со клучни луѓе во модната индустрија, и нејзините искуства и помагаат да го создаде својот сопствен моден бренд VIBRAZIONI во 2009 година. Таа смета дека преку нејзиниот моден дизајн може подобро да комуницира со светот бидејќи модата ја гледа како медиум преку кој може да ги изрази нејзините намери „да создава колекции кои се чисти и го будат духот и го раздвижуваат срцето“.   

Нејзините колекции можат да се најдат на следните продажни места: „Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska“ и „Ludus Concept Store“ во Скопје, „Designers House“ во Белград и „Tochka Open Space“ во Софија.

Маркетинг
Lookbook »

Latest Show »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button