Само еден ден до Нова година, а некои од вас сигурно уште се двоумат што ќе облечат.
Македонските модни блогери продолжуваат да ве советуваат и инспирираат. Алек Сандра од блогот Alexandra in Wonderland е вистинска дама во современа варијанта.
Таа секогаш знае да изненади со винтиџ парче во комбинација со најновите модни трендови. Кој е нејзиниот избор за новогодишната прослава?
Земајќи го предвид фактот дека не и придавам особено и големо значење на новогодишната ноќ, по дифолт и оваа година изборот на облека ми се сведе на делумно поедноставна варијанта – исклучувајќи ги сите фустани и светки, составена од црн комбинезон за елегантен изглед, високи лаковани потпетици, бургунди сако, сето ова разбранувано со масовен и волуменозен накит, за повпечатлив изглед.
Автор: Александра Спасеска