Албанска убавица од Куманово блеска за Македонија на „Мис Гранд Интернешнл“ (Фото)

Македонија годинава повторно има своја претставничка на еден од најгламурозните светски избори за убавина – „Мис Гранд Интернешнл“, кој се одржува во Бангкок, Тајланд.
Нашата земја ја претставува убавицата Илирјана Салиу од Куманово, по професија медицинска сестра, која уште со првото појавување успеа да блесне и да го освои вниманието на светската публика.
View this post on Instagram
Advertisement
На големото отворање, Илирјана се прошета во сензационална сребрена тоалета, потпишана од модната куќа Елена Лука. Со својот изглед и држење, таа веднаш ја издвоија како една од најзабележливите натпреварувачки.
Од „Мис Македонија“ испратија порака на гордост и поддршка: „Нашата убава Илирјана Салиу веќе е во Бангкок и блеска на Мис Гранд Интернешнл 2025. Ѝ посакуваме многу среќа и неверојатно патување“.

Оваа година дури 77 убавици од целиот свет ќе се борат за титулата.