Алачки и во шестата деценија изгледа топ – вистинско освежување за ова студено и тмурно време
Бундичка и високи чизми – одличен избор за овој период од годината, соодветен на нејзините години
Нашата позната фолк-пејачка Адријана Алачки (57) веќе одамна е многу поактивна како водителка и тоа на поприлично гледани емисии.
Таа ја води една од најгледаните кулинарски емисии, „Вкусот на традицијата“, но и емисијата „Везилка“ на Алфа телевизија.
Адријана исто така многу е активна и на социјалните мрежи, каде речиси нема ден да помине, а да не сподели по некоја интересна фотографија или снимка како од емисиите и подготовките за снимањата на истите, така и од нејзиниот приватен живот.
Фејсбук/ Адријана Алачки
И токму затоа има и голем број следбеници, а неодамна ги изненади сите со едно свое зимско издание во кое позираше.
Фејсбук/ Адријана Алачки
Имено, Адријана на снимањето на една од своите последни емисии се појави во црна бундичка од крзно и со виолетови детали на ракавите и јаката, додека комбинацијата ја заокружи со високи чизми.
Фејсбук/ Адријана Алачки
Адријана очигледно не дозволува студеното време да ја изненади, па реши да се облече топло, но и шик во исто време.
И секако и овој пат не погреши, впрочем како и секој пат кога ќе се појави во едно вакво издание потполно примерно за нејзините години, но и „зачинето“ со вистинските детали и убава шминка.