Реклама
MAMAКафе муабет

Еве што можете да правите дома, а да не ви биде досадно ниту една минута

Реклама

Поради вонредната ситуација која не’ зафати, повеќето се приморани да седат дома по цел ден. Ако имате можност да работите од дома, тогаш времето ви е исполнето, но кога тоа не е изводливо, тогаш време е да се посветите на себе. Многу е важно да најдете преокупација која ќе ви ги одвлече мислите од коронавирусот и пандемијата.

ФОТО: news.un.org

Најлошото што можете да го направите е постојано да ги проверувате најновите вести за заразените, нервозно да ги прелистувате новостите на социјалните мрежи и да зборувате за вирусот со вашите домашни. За да си го отстраните вниманието од сето ова, ви го предлагаме следово:

  • Најдете хоби кое ви одговара: плетење, везење, шиење, правење работи (Велигден е пред нас, направете украсни торбички, држачи за салфети…)
  • Читајте книги – најверојатно дома имате неколку книги кои до сега не сте имале време да ги прочитате. Сега е вистинското време за тоа.
  • Играјте друштвени игри: карти, не лути се човече, шах…
  • Темелно исчистете го вашиот дом. Пролетното чистење е добра прилика за да ги уништите сите вируси во станот.
  • Пресадете ги собните цвеќиња.
  • Најдете старо цд со слики, прелистете ги и потсетете се на добрите стари времиња.

За оние кои живеат во куќа, изолацијата нема да им дојде толку тешко

За оние луѓе кои живеат во куќи и имаат дворови, изолацијата нема да им падне толку тешко. Бидејќи пролетта речиси стигна, сите кои сакаат да ги уредат своите дворови тоа можат да го направат сега. Забавувајте се и така што ќе создадете мини градина, во која ќе засадите лук, магдонос, моркови, зачински билки…

Маркетинг

Садењето цвбеќе секогаш е добра активност и на оние кои се занимаваат со неа им дарува исполнетост и ослободување од стресот. Бидете одговорни и останете дома. Дружењето со пријателите и соседите оставете го за некое помирно време. Исто така не заборавајте на солидарноста и ако сте во можност помогнете им на своите постари сограѓани.

 

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button