Холивуд

Познатата актерка повторно блеска – одвај се извлече од депресија поради 23 килограми вишок

Advertisement

Оскаровката поради улога се поправи 23 килограми

Advertisement

Познатата актерка Шарлиз Терон се појави како главна ѕвезда на премиерата на филмот „Tully“ во Лос Анџелес. Оскаровката за оваа улога се поправи 23 килограми јадејќи нездраво – макарони со сирење и газирани пијалоци, а поради сé помина и низ пеколот на депресијата.

Таа во интервју за „Дејли мејл“ призна дека токму депресијата и беше поголем предизвик од килограмите кои тешко ги носеше и поднесуваше.

Advertisement

„Прв пат во животот не внимавав што јадам и живеам на хамбургери и компир, индустриска храна, што многу лошо влијаеше на мојата психа. Сакав да го проживеам сето она што го живее и мојот лик и станав опседната со храна“, раскажува за „Entertainment Tonight “ русокосата Шарлиз објаснувајќи дека само првите три недели и било интересно.

Сцена од филмот „Tully“

Се чувствувала како дете во продавница со благи работи, да ги прави сите оние работи кои досега не смеела да ги прави, па не можела да им одолее на најразличните вкусови. Сепак, храната брзо и здодеала, а почнала и да ја опседнува. По ваквата „диета“, познатата јужноамериканска актерка поштено се намачи да се врати на старо. И требало повеќе од година и пол, за разлика од претходно, кога за еден друг филм го направи истото, но тогаш имаше 27 години, а сега 43, па затоа целата ситуација и беше многу потешка.

Но сепак, таа на крај успеа повторно да се врати во форма и да изгледа беспрекорно. Браво!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button