Реклама
Холивуд

НЕ пати од комплекси – наместо фустани и високи потпетици, избира хеланки и папучи

Реклама

Многумина ја критикуваат дека се запустила, но Ева очигледно не се грижи премногу за таквите коментари

Познатата 42 годишна актерка Ева Лонгорија која се прослави со серијата „Очајни домаќинки“ го очекува своето прво дете. Таа неодамна самата истакна дека е среќна што ќе добие син, но и дека поради тоа што веќе е во поодмината бременост и има добиено вишок килограми, последните недели времето максимално го посвети самата на себе.

Маркетинг

Таа е свесна дека е потполно природно жена да добие вишок килограми за време на бременоста, а судејќи според фотографиите тоа воопшто не и претставува проблем. Така често се појавува во лежерни изданија во кои удобноста е на прво место и воопшто не се грижи дали некои медиуми ќе ја критикуваат дека премногу се запуштила.

Маркетинг

Ева не е од оние славни ѕвезди кои постојано вежбаат и одат во теретана па дури и за време на бременоста. Очигледно дека нејзе такви работи не и паѓаат на ум, особено не во овој период од животот. Провокативните комбинации со гламурозните тоалети во кои сме навикнати да ја гледаме ги замени со многу поудобна облека како што се тренерки и широки фустани, а не ретко можеме да ја видиме и во папучи.

Но затоа пак секогаш е наоружана со насмевка, позитивна енергија и оној прекрасен сјај што го имаат само жените што наскоро треба да станат мајки.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button