TV

Актери и актерки од турските серии со словенско потекло – дури тројца се со македонски корени

Невозможно ви е да си го замислите секојдневието без турски ТВ серии? Ве разбираме - прекрасни актери, трогателни сцени кои ја оживуваат вербата во љубовта и луда хемија меѓу ликовите на екранот... Но, дали знаевте дека некои турски актери и актерки имаат македонски корени?

Advertisement

Турските ТВ серии секојдневно стануваат се попопуларни. „Величествениот“, „Азиз“, „Црна љубов“, „Тропни на мојата врата“…се само мал дел од турските ремек-дела кои стекнаа огромна популарност не само во својата татковина, туку и во странство.

Шармантни погледи на турските градови, прекрасна архитектура, убави глумици, талентирана глума која допира до душата – сето тоа ги прави овие серии што е можно поинтересни и возбудливи.

Advertisement

Но знаевте ли дека некои од популарните турски глумци имаат словенски корени?

Неслихан Атагул

Неслихан можевме да ја видиме во сериите „Црна љубов“, „Двете лица на Истанбул“, „Ќе бидеш моја“ и „Прашање на честа“, а во серијата „Ќерката на амбасадорот“ се појави како храбрата, но и несреќна убавица Нара.

Брзо ги освои срцата на гледачите ширум светот. Но, турската кралица на драмските улоги има словенски корени, бидејќи нејзината мајка е од Белорусија.

Advertisement

Инаку, летово се дозна дека глумицата е бремена, а наскоро таа и нејзиниот сопруг Кадир Догулу, кого го запозна на снимањето на „Двете лица на Истанбул“, ќе станат родители на момче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neslihan Atagül Doğulu (@neslihanatagul)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neslihan Atagül Doğulu (@neslihanatagul)

Кан Јаман

Турскиот убавец, познат по ТВ сериите како „Полна месечина“, „Рана птица“, „Господин“ и „Виолетова како море“, успеа да ја освои не само турската кинематографија, туку и италијанската.

Верувале или не, Јаман има југословенски корени од татко му и македонски корени од мајка му.

Чагатај Улусој

Актерот се здоби со слава со неговите улоги во ТВ серии како „Плима“, „Заштитник“ и „Кројач“. Чагатај е еден од најбараните актери во Турција, но интересно е што тој воопшто нема турска крв.

Факт е дека од мајка си има босански корен, а од татко – бугарски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cagatay Ulusoy (@cagatayulusoy)

Мелиса Донгел

Популарноста и славата на Мелиса ѝ ги донесоа сериите „Тропни на мојата врата“, „Љубов, разум одмазда“ и „Помеѓу светот и мене“.

Нејзината мајка е од Севастопол, така што од страната на нејзината мајка девојката е Русинка, а од страната на нејзиниот татко таа е Турчинка. Актерката зборува и руски, а ја сака и руската кујна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melisa Döngel (@melisadongel)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melisa Döngel (@melisadongel)

Алина Боз

Харизматичната актерка, позната по ТВ сериите „Скршено срце“, „Не ми ја пуштај раката“, потоа по улогата на Еда во серијата Љубов 101 и Махур Турел во серијата „Марашли“ е родена во Москва каде што живеела до својата 7-ма година.

Токму во главниот град на Русија развила голема љубов кон театарот. Откако се преселила со родителите во Турција, таа го открила својот актерски талент и за киноплатното.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alina Boz (@alinaboz)

Мајката на Алина е Русинка, а нејзиниот татко е Бугарин со турско потекло. Патем, глумицата одлично зборува руски и ги учи руски јазик своите колеги.

Филиз Ахмет

Филиз стана популарна благодарение на ТВ серијата „Сулејман Величествениот“, во улога на Нигар-калфа.

Покрај тоа, таа се појави во „Животот не е песна“ и „Бескрајна љубов“. Познато е дека татко ѝ е Турчин, а мајка ѝ е Македонка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Filiz Ahmet (@filizah)

Инаку, токму во Македонија се родила идната актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Filiz Ahmet (@filizah)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Filiz Ahmet (@filizah)

Фара Зејнеп Абдула

Улогите во сериите „Величествениот“ и „Сеит и Шура“ ѝ донесоа слава на глумицата.

Актерката, која освои многу срца, Турција ја смета за своја татковина. Нејзиниот татко е од Ирак, но таа има босанска крв од страната на нејзината мајка, а македонска од страна на нејзината баба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by farah zeynep abdullah (@fafazey)

Фахрије Евџен

Сопругата на најпопуларниот турски актер Бурак Озчивит не е инфериорна во однос на својот сопруг во актерството и е една од најбараните и најпознатите актерки во Турција и многу пошироко.

Глумицата е половина Турчинка, половина Черкезинка, која е родена и живеела во Германија. Фахрије дошла на одмор во Турција, каде режисерот ја забележал и ѝ понудил улога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf)

Огузхан Чеми

Актерот, кој стана познат по ТВ сериите како „Мојата лева страна“, и „Моја драга мајка“, ја смета Русија за свој втор дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oğuz Han (@oguzhancemi)

Неговите предци се преселиле во Турција од Русија, а турскиот актер секогаш ги почитува своите корени, дури успеал да научи и руски. окрај тоа, тој често ја посетува Русија, па дури и глумеше во руско-турската серија „Горко-солено море на љубовта“, која беше објавена во 2023 година.

Ахсен Ероглу

Убавата црвенокоса актерка, позната по ТВ сериите „Величествениот“ „Невестата од Истанбул“ и „Гавран“, има бугарски корени. Актерката има прекрасен и близок однос со семејството, а нејзината црвена коса само ја истакнува нејзината уникатност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ahsen Esin Eroğlu (@ahseneroglu22)

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

Back to top button