Жените родени во овој знак се желни за слобода и авантура. Од животот сакаат многу и се трудат истото да го добијат. Еве кои се нивните најголеми карактерни особини.
Смисла за хумор
Водолиите имаат богата смисла за хумор, а честопати не се ни трудат околу тоа. Хуморот едноставно е во нив!
Храброст
Водолиите се еден од знаците кои сакаат авантури и живот „на раб“, а тоа е затоа што сакаат да експериментираат и да испробуваат нови работи во животот. Ако нешто не сакаат, тоа се патеки по кои сите минуваат.
Независност
Нема поголем љубител на слободата од Водолиите. Тие се многу силни и знаат како да бидат сами, дури и кога не можат да се потпрат на никој друг, освен на самите себеси.
Практичност
Тие се премногу паметни и внимателни, реални се и цврсто стојат на земја, па знаат да се однесуваат во склоп со нивните можности.
Креативност
Водолиите дефинитивно размислуваат надвор од рамките, а креативноста е она што ги прави уште попосебни. Нивната работа дефинитивно мора да вклучува креативни активности, како пишување, фотографирање и инспирирање на другите.
Чувствителност
Водолиите не можат да гледат како другите страдаат, особено животните, па секогаш им помагаат доколку се во можност.
Доследност
Ако Водолијата ви вети нешто, бидете сигурни дека тоа и ќе го исполни. Тие сакаат да им се верни на луѓето кои ги сакаат, без оглед на тоа што се зборува за нив. Никогаш нема да ве остават сами, па секогаш можете да сметате на нив.