Верувале или не, постојат некои работи кои може да се каже дека се полоши и од сексуалното изневерување.
Рано наутро. Нервозата расте. Ги отвораш очите а во главата ти се врат илјадници работи. Состаноци, конференции, рокови… Зошто секогаш имаш толку многу работа, а толку малку време? Го земаш телефонот и ги проверуваш мејловите, пораките, повиците и тоа се’ на пат кон бањата. Се подготвуваш на брзина, ги земаш клучевите и излегуваш надвор. Седнуваш во колата и почнува работниот ден. Но, заборави НЕШТО.
Во креветот зад тебе остана твојата жена. Не ја ни погледна. Не ја ни прегрна, ниту бакна. Беше зафатен. Кога ќе помине првиот бран од напорниот ден, ќе се напиеш кафе, ќе го земеш телефонот и ќе ги провериш социјалните мрежи. Ќе ги прелисташ новостите и случувањата во животите на твоите „пријатели“. Повторно нема да се сетиш на неа – на жената со која го делиш животот. На современите односи им недостасува здравиот разум.
Луѓето живеат заедно, но тоа не значи ништо. Се гледате наутро и неколку часа навечер. Ќе размените неколку реченици и погледи. Секако, сексуалната измама е голема и навредилва работа, но дали некогаш сте помислиле дека секој ден се’ повеќе се оддалечувате од партнерот? На сите ни недостасува комуникација, внимание, страст, интимност, па дури и најважната работа – љубов. Недостатокот на внимание чини многу повеќе од штетата од баналната сексуална измама. Замислете само: Конечно најдовте личност која можете да ја сакате, а сега мора да се борите за трошка внимание!
Најголемиот љубовен гест денес е да го оставите телефонот на страна и да погледнете во лицето на вашиот партнер и да го прашате КАКО СИ? Да ли сфаќате дека вашата сакана личност е она што ви треба во животот? Сега е вистинското време да ѝ покажете на саканата личност колку ја сакате, утре веќе може да биде доцна!