Патувања

Ако сте во Грција и седнете во овој ресторан, ќе се онесвестите од сметката – 5 евра ќе ви наплатат за кечапот, 35 за кока-кола!

 Популарна туристичка дестинација станува озлогласена поради астрономски сметки и шокираните гости.

Advertisement

Летувањата стануваат сè поскапи, но дури ни тоа не ги подготвува туристите за вистинските „замки“ кои демнат на некои атрактивни локации.

Една од најчесто споменуваните е ресторанот DK Oyster на грчкиот остров Миконос, лоциран веднаш покрај популарната плажа Платис Ѓалос.

Advertisement

Иако изгледа како идеално место за уживање со поглед на Егејското Море, овој ресторан е мета на сериозни критики. На TripAdvisor, „изненадените“ гости споделуваат искуства со сметки од по неколку стотици до илјада евра за едвај неколку јадења и пијалаци.

Една туристка, Џесика Л., предупредува:

„Плативме 350 евра за една риба и вкупно 1.000 евра за три обични јадења. Никогаш не сум платила толку ни во најскапите ресторани во светот!“

Advertisement
пекселс

Друга жена, Сју, опишува дека и биле наплатени дури и пијалаци што не ги порачала. Келнерот ѝ понудил „гостински пијалак“, од куќата, кој подоцна завршил на сметката. За неколку коктели, безалкохолни пијалаци и една кока-кола, платиле неверојатни 400 евра, од кои 35 евра само за газираниот пијалак.

Гостите се жалат дека за кечап плаќале по 5 евра, а пивото достигнувало и 35 евра. Еден пар дури размислувал да повика полиција откако за две чинии паста и две овошни сокчиња им биле наплатени речиси 600 евра, вклучувајќи над 100 евра напојница додадена во сметката.

Посебно контроверзна е нивната стратегија со „бесплатни лежалки“. Имено, гостите добиваат лежалка без надомест, но само доколку нарачаат пијалак, кој потоа се наплатува со сума што буквално ќе ве онесвести.

И покрај повеќе од 1000 негативни критики, ресторанот и натаму функционира и привлекува туристи кои не се информирани за „ценовниот шок“ што ги чека. За жал, многумина дознаваат предоцна, кога ќе стигне сметката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button